Верушевски го кршел компјутеот со секира - екеклузивно детали од истрагата за Пуч
Синот на Зоран Верушевски не успеал да го искрши компјутерот. Така полицијата успеала да дојде до најголем дел од материјалите со кои располага како докази во аферата Пуч, јави Сител повикувјаќи се на неофицијални информации добиени од истрагата.
Сопругатан аВерушевски, пред да биде извршен претресот телефонски му се јавила на синот веднаш да го искрши компјутерот. Тој зел секира и почнал да удира по него. Сепак не усепал да го уништо хард дискот. Полицијата го запленила и успеаа од него да ги извади материјалите.
Како што објави Сител, постојат цврсти докази за соработката на провосомничениот Верушевски со Зоран Заев. Дента кога беше приведен Зоран Верушевски требало да се одржи средба помеѓу него и Зоран Заев. Соработник на Заев го чекал Верушевски на влезот во Струмица но средбата била откажана отако разбрале дека Верушевски е приведен.
По апсењето на Верушевски имало неколку обиди да се достави покана до неговата сопруга, но таа не била пронајдена и не се појавувала на работното место. Била добиена наредба да се заплени нејзиниот компјутер и таа да биде приведена. Полицијата ја пронајде во домот на соработникот на заев, Бранко Палифров во Струмица.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа