„Убавото лице и мускулите не се доволни да разбудат емоции во мене“
Хрватската пејачка Нина Бадриќ која има еден брак зад себе вели дека е подготвена за нова љубов. Таа тврди дека физичкиот изглед воопшто не и е важен бидејќи не е „тинејџерка“ па да паѓа на прв поглед.
- Идеалниот маж мора да има многу повеќе од физички изглед, бидејќи мускулите и убавото лице не се доволни да разбудат емоции во мене. Важно е да е сигурен во себе, остварен и цврсто да стои на нозете. Верувам дека само таков маж може цврсто да стои покрај мене. Знаете како велат: две несовршени личности ќе направат една перфектна. Кога ќе се најдат сродните души, тогаш сите наши мани убаво ќе се надополнат со оние на партнерот и на крај тоа е лозинка за добра врска", вели Нина
Таа додава дека многу убави мажи запознала во животот но кога ќе ги запознае подобро тие не биле онакви какви што таа посакува
- Сум запознала многу мажи кои се неверојатно згодни, но кога ќе отворат уста, моето разочарување е поголемо од воодушевувањето. Не можам да го минам животот со некој кој е само убав. Сепак, ние луѓето во животот бараме различни работи. Некој бара само површина, а јас барам се. Скромна сум, верувајте ми", го објаснила Нина профилот на нејзиниот идеален маж.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа