Фелисити Џонс ќе биде принцезата Леа во новиот дел на „Војна на ѕвездите“

 

Студијата „Дизни“ и „Лукасфилм“ ја избраа 31-годишната Фелисити Џонс за главна ѕвезда на новото продолжение на кулутната филмска франшиза „Војна на ѕвездите“, каде таа треба да ја толкува улогата на младата принцеза Леа.

Џонс е номинирана за Оскар во категоријата за најдобра главна актерка во филмот „Теорија за се“, каде ја игра сопругата на Стивен Хокинг.

Деталите околу новиот филм се чуваат во строга тајност, па така се уште не е познато кој се ќе настапи во него.

Како кандидати за главната машка улога се споменуваат Арон Пол и Едгар Рамирез.

Филмот ќе го режира Гарет Едвардс („Годзила“), според сценариото на Крис Вајц. Филмот во кината се очекува кон крајот на 2016 година.

Според шпекулациите, дејствието во филмот се случува непосредно пред „Епизодата 4“. Филмот наводно нема да следи ниту еден од познатите ликови, туку група ловци на уцени, но постојат и тврдења дека приказната би можела да се врти околу ликовите од првите три филмови.

 

 

Оцени ја веста

04.02.2015 - 17:34

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега