Неда Украден замина на Тајланд да бара момче

Познатата пејачка одлучи да замине на заслужена релаксација.

Неда Украден конечно може да спои неколку слободни денови, па набрзина се спакува и со една своја другарка отпатува на Тајланд со надеж дека ќе сретне некое ново момче.

Поп пејачката при заминувањето во потоплите краеви од аеродромот „Никола Тесла“ беше уловена од папарацо фотографите. Со средена фризура, но со тренерки Неда изгледаше беспрекорно и во спортско издание.

Само што стигнав од Шибеник, каде одржав сјаен настап, само се преоблеков и заминав веднаш на аеродром. Едвај чекам да го видам Тајланд и да уживам, навистина ми е потребен одмор. Одам со мојата долгогодишна пријателка и ќе ни биде прекрасно. Кој знае, можеби ќе најдам и некој добар фраер, но да не е помлад од мене 40 години, како што се пишуваше во медиумите, изјави Неда.

Инаку пејачката резервираше престој во еден луксузен хотел и едвај чека да ги прошета тамошните храмови, но и џунглата. Последните денови ќе и бидат резервирани за шопинг.

Извор: Вистина.мк 

 

 

Оцени ја веста

04.02.2015 - 16:05

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега