(ВИДЕО) Зоран Заев дециден: Не сакам да бидам претседател на СДСМ

 

Лидерот на Социјалдемократскиот сојуз, Зоран Заевм во февруари минатата година изјавил дека не сака да биде ниту премиер, ниту претседател на партија.

Во февруари минатата година, Заев во своето гостување во емисијата „Отворено со градоначалникот“ емитувана на струмичка телевизија, јасно изјавува дека нема амбиции да биде нов претседател на СДСМ, додавајќи дека неговите амбиции не одат во насока да стане премиер.

Заев вели и дека воопшто не може да се замисли да живее во Скопје, што е уште една потврда дека не размислувал да застане зад кормилото на СДСМ.

-Пусто Скопје не ме привлекува во тој дел на политиката. Ако имав амбиции ќе бев мандатор за влада, потпретседател бев, Радмила нема политики функции. Јас немам такви амбиции. Се замислувам како тоа јас со моите Душко и Александра треба да живеам во Скопје, незамисливо е. Јас сум пораснат во специфично семејство, истакнува Заев во гостувањето во емисијата „Отворено со градоначалникот“.

Тој во гостувањето во емисијата „Отворено со градоначалникот“  вели дека со политичките функции на државно ниво не е возможно животот да биде во Струмица, а во Скопје да се извршува функција.

-Со политичките функции на државно ниво невозможно е животот да биде во Струмица, а да извршуваме задача или функција во Скопје. И сега тоа го имам секојдневно со мене и едноставно го споделувам и апсолутно тоа значи дека немам амбиции за премиер, а со тоа и за претседател на СДСМ, истакнува Заев.

Сегашната ситуација е комплетно спротивна од најавите кои ги дал Заев минатата година во емисијата „Отворено со градоначалникот“. Сеуште не е позната  причината поради која Заев го сменил својот став и застанал на чело на опозициската СДСМ.

најчитано сега