Тренерот на Вардар: Мешков Брест тест за дуелот Монпеље

Шампионот во СЕХА-лигата, нашиот Вардар, утре ја почнува втората полусезона, со натпреварот против Мешков Брест, во 13. коло од СЕХА ГСС лигата.

На тренерот Раул Гонзалес му се вратија играчите од Светското првенство во Катар и вели дека имале доволно време и да се одморат и да одржат тренинзи.

-Ова е прв натпревар по СП. Среќни сме што немаме повредени играчи. Сите се подготвени и можат да играат. Имавме и време да се одмориме, меѓутоа имавме само два тренинга пред мечот, сепак тоа беше доволно да се подготвиме. Ова ќе биде важен натпревар за нас треба да играме добро и да освојуваме бодови, за да загарантираме место во фајналфор. Екипата на Мешков игра одлично и во СЕХА и во ЛШ. За нас ќе биде добар тест пред натпреварот со Монпелје во ЛШ, кој ќе ни биде многу важен. На првиот натпревар против нив видовме дека тие играат добра одбрана и одличен контра-напад. Најмногу нѐ загрижуваат бекот Манојловиќ и пикерот Стојковиќ. Мора да бидеме цврсти во одбрана ако сакаме да имаме шанса на овој меч, изјави Гонзалес.

Вардар загуби од Мешков во првата меѓусебна пресметка о 30-22 и затоа има мотивација за одмазда и надигрување. Капитенот Филип Лазаров вели дека се чувтвуваат истрошени од СП, но повеќе психички отколку физички.

-Утре нѐ очекува еден специфичен натпревар, прв по крајот на СП, играчите се враќаат истрошени повеќе псохички отколку физички, но тој 'проблем' го имаат и двете екипи. Ни гостува екипа која ја игра најдобрата сезона во своето постоење, одлично се носи во Лигата на шампионите, иако таму сѐ уште нема обезбедено пласман во втората фаза. Ние максимално ќе му пристапиме на натправарот, ќе одиме на победа и заедно со уште двата преостанати меча од СЕХА, против Загреб и Војводина, да собереме сигурност и самодоверба за продолжението на Лигата на шампионите, рече Лазаров.

Натпреварот ќе се одигра утре во „Јане Сандански“ во 20:15 часот.

 

 

Оцени ја веста

03.02.2015 - 15:32

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега