Старите луѓе мета на измамници - уште еден наивен тетовчанец остана без пари
76 годишниот З.Р. од село Добарце, општина Желино вчера пријавил во полиција дека непознат измамник му земал околу 450 евра, информираше портпаролот на тетовската полиција, Марјан Јосифоски.
Според З.Р., утрото на 14. јуни, тој излегол од банката „Вестерн унион“ од каде подигнал 450 евра и седнал на клупа близу Центарот за култура „Иљо Антески-Смок“. Му пришол непознат човек, почнал да разговара со него и му рекол дека го познава неговото семејство кое е на печалба во Италија. Претставувајќи му се како добронамерен познаник, измамникот му понудил на старецот да нму помогне со менување на еврата.
- Штом старецот ги извадил парите, непознатиот брзо му ги зел од рака и му рекол да почека малку, по што заминал и не се вратил. Отако увидел дека е измамем и дрско ограбен З.Р., по околу половина час од настанот, го пријавил случајот. Се преземаат мерки за идентификување на сторителот и негово приведување, информираше Јосифоски.
Јосифовски информира дека во последно време се зачестени измамите поврзани со повозрасни лица.