ВИДЕО: Ердоган им се заблагодари на Скопје и на Гостивар
На митингот кој го одржа пред два дена во Анкара, премиерот на Турција, Реџеп Таип Ердоган, им се заблагодарил на, како што рекол, илјадниците жители на Македонија, Косово, Босна и Херцеговина и на другите балкански земји кои организирале собири за негова поддршка.
- Им благодарам на Скопје, Гостивар, Сараево, Малезија, Босна и Херцеговина, Македонија и на секој човек кој дошол на собирите за поддршка, истакнал Ердоган пред насобраниот народ.
Премиерот на Турција истакнал дека на странските медиуми во АНкара им е дозволено да известуваат за последните случувања во Турција.