Мрмотот Фил "предвиде": Не чекаат уште шест недели зима

Мрмотот Фил, кој веројатно е најпознатото животно претскажувач на времето во светот, излезе од својата дупка и даде одговор на прашањето кои многумина со нетрпение го очекуваат.

Имено, според Фил, не очекуваат уште шест недели зима.

Легендата вели дека ако познатиот глодар погледне во својата сенка на 2 февруари, зимата ќе трае уште шест недели, а ако не го стори тоа пролетното потопло време ќе дојде порано.

Секоја година на 2 февруари американското градче Панксатони со 5.500 жители станува центар во кој се собираат туристи од сите делови на САД, за да бидат сведоци на уште едно предвидување на најпознатиот временски прогнозер на светот. 

Иако Фил и неговите претходници во изминатите 129 години само 17 пати точно го предвиделе траењето на зимата, ова случување во градот привлекува околу 30.000 луѓе и носи околу милион долари приход, а на тој ден не работата ни училиштата со цел децата да можат да одат до јамата на Фил во Гоблерс Кноб.

 

 

Оцени ја веста

02.02.2015 - 16:20

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа