Од денеска смарт билети за возење во автобусите

 

Од денес во автобусите се вградува системот за користење на смарт билетот. Ќе се монтираат уреди за одземање пари од картичките, а ќе се постават и уреди за контрола на движењето на автобусите, пренесува Вест.

Системот ќе се инсталира во 350 автобуси на јавното сообраќајно претпријатие “Скопје” и во 150 автобуси на приватното претпријатие “Слобода превоз “.

Мишо Николов, директор на ЈСП “Скопје”, вели дека процедура ќе заврши за девет месеци, по што хартиените билети ќе се заменат со смарт билетот.

- Во автобусите ќе има валидатори за новите билети, кои ќе можат да се полнат со пари во билетарниците на ЈСП, како и на три локации на кои ќе бидат поставени машини за надополнување. Најверојатно, ќе има на најфреквентните станици, како на Рекорд, на Бит -пазар и кај Транспортен центар. Но точните локации допрва ќе ги одредиме”, рече Николов.

Тој најави дека, паралелно, ќе се постават уште 40 дисплеи на постојките, на кои патниците ќе можат да проверуваат кој автобус кога доаѓа.

- Преку ГПС уредите во автобусите ќе се следи нивното движење, односно ќе се знае кој автобус каде се наоѓа во моментот, а на тој начин на информативните табли ќе се појавуваат информации за времето на пристигнување на автобусите”, вели Николов.

 

 

Оцени ја веста

02.02.2015 - 13:41

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега