100 евра такса за македонските камиони при влез во Косово

 Македонците превозници кои носат стока на Косово ќе треба да плаќаат по 100 евра такса. Новата давачка ќе важи и за камионите од регионот, освен за Албанија, кои превезуваат стока на Косово.

Ваква одлука донесе косовската Влада, наведувајќи дека се работи за реципроцитетна мерка.

- Станува збор за реципроцитетна мерка за да се заштитат компаниите од Косово кои извезуваат. Оваа такса ќе се применува и за останатите држави од регионот со исклучок на Албанија, бидејќи таа никогаш не применувала било каква такса за камиони од Косово, изјави Љах Нитај, советник на косовскиот министер за инфраструктура.

Тој информира дека косовските компании при влез во Србија плаќале такса од 100 евра по камион и оти од вчера истата мерка е воведена за камионите од регионот.

Според него, таксата од 100 евра ќе биде наплаќана за секој влез во Косово. 

најчитано сега