Фрлени 20 тони сол на скопските булевари и улици
Екипите на зимската служба на Град Скопје синоќа и утрово, по почетокот на врнежите на снег, започнаа со активностите за расчистување на снегот од градските булевари и улици, како и од тротоарите. Во моментов сите булевари и магистрални улици кои се во надлежност на Градот Скопје се проодни.
Изминатата вечер на булеварите и магистрални улици кои се во надлежност на Град Скопје се фрлени 20 тони сол.
Екипите на зимската служба интервенираа на подвозниците и останатите критични точки, а на повисоките места во Скопје снегот се чистеше со механизација со плуг.
Оцени ја веста
01.02.2015 - 11:05
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа