Азијци ќе ја шетаат Македонија - еве што предлагаат хрватскиот и словенечкиот претседател

Проектот за туристичка соработка кој го предложија хрватскиот и словенечкиот претседател, Иво Јосиповиќ и Борут Пахор, ќе донесе голема корист и за Македонија, објавува Нова Македонија.

Идејата на Јосиповиќ, пренесува Нова Македонија, е Хрватска и Словенија со силни финансиски средства од фондовите на ЕУ координирано и решително да настапат на „трети пазари“, особено во Азија. Вака, со разработен и ефикасен туристичко-промотивен модел ќе се привлекуваат туристи од Азија, кои во моментов се најпосакувани гости во регионот, објавува Нова Македонија.

Јосиповиќ и Пахор заклучиле дека најдобар партнер во проектот би била Македонија, која би се вклопила како комплементарен туристички фактор со чии вредности проектот би бил уште поконкретен.

Јосиповиќ смета дека азиските туристи кои сѐ помасовно заминуваат на одмор и туристички тури, немаат јасна цел во која држава одат или би оделе, туку за нив единствено валидна и посакувана дестинација е „Европа“ како „Европа“. Затоа е битно Хрватска и Словенија, заедно со Македонија и моќните ЕУ-фондови, најбрзо што може да ги насочат туристите од Азија токму на словенечките и на македонските планини и езера, пренесува весникот.

најчитано сега