Утре мотори ќе ја здрмаат Македонија

Мотоциклистичка федерација на Македонија во соработка со МК Шари се подготвува за организацијата на вториот натпревар од Шампионатот на Македонија во мотокрос за сезоната 2013. Трките ќе се одржат утре на патеката Порој крај Тетово.
 
Годинешниот шампионат во овој возбудлив спорт е распишан во четири класи и се очекува учество на триесетина натпреварувачи од државата и соседните земји.
 
На првиот натпревар „Гран При Македонија 2013“ победници беа: Виктор Ивановиќ (МХ85), Никола Гулевски (МХ2), Гоце Томовски (МХ1) и Никола Тодоров (МХ3).
 
Бодовите од двете возења ќе ги одредат најдобрите по класи и во клупска конкуренција. 

најчитано сега