Скандал: Неделков во лов по „скапани јаболка” во СОНК, штрајкот го спроведува со функционери на СДСМ

Разоткриено е функционирањето на СОНК. Податоците до кој дојдовме се фрапирачки и кажуваат многу за функционирањето на СОНК и Јаким Неделков како и која е позадината на самиот штрајк. Имено членовите кои не се согласуваат со начинот на функционирање и делување на раководството на СОНК се дисциплинирале со тужби за клевета и барање да платат по 200 илјади денари за оштета и душевна болка на Јаким, пренесува Република.мк.

И не само тоа,  неможејќи да се справи со отпорот на синдикалните членови кои не се согласувале со штрајкот, Јаким започнал со структури на СДСМ да спроведува штрајк во училиштата. Последен таков пример бил во Охрид каде во училиштето Св. Климент Охридски откако штрајкот не му успеал, инсталирал функционери на СДСМ советници од ова партија во општината Охрид кој имале задача да спроведат и започнат штрајк.

Имено неколку наставници во Гимназијата Св. Климент Охридски, инаку партиски послушници кои спроведуваат буквално се што ќе им биде наложено, а за возврат добиле многу во времето на СДСМ, потегнале иницијатива за организација на штрајк по задача на СОНК и Јаким Неделков. Се работи за:

- Жаклина Лазареска, советник во општината од редовите на СДСМ, главен иницијатор
- Рената Арнаудова, од ЛДП
- Војо Илоски, внук на Илија Илоски кој во време на СДСМ бил директор на царина
- Екатерина Бојческа чиј брат е дел од раководната структура на СДММ во Скопје
- Весна Цветковска, братучетка на Бранко Црвенковски

Жаклина Лазаревска на своја рака избрзува да објави информација. Креира мејл адреса и ги известува медиумите  дека штајкувачкиот одбор одлучил училиштето во понеделник да отпочне штрајк. Класична манипулација наспроти волјата на мнозинството.
Ваквиот чекор покренал лавина реакција меѓу структурите на СОНК и зголемување на незадоволството од раководењето на синдикатот. Имено според присутни сведоци на состанокот на советот на СОНК, самиот Јаким Неделков изјавил дека мора да се исчисти СОНК од „скапаните јаболка“ мислејќи на непослушните членови. Но замената за таквите членови не е никој друг туку партиски функционери на СДСМ.

Самите членови на СОНК со кој разговаравме велат дека синдикатот е ставен на располагање на СДСМ и дека е нечесно што членови на синдикатот само поради тоа што не се согласуваат со Јаким Неделков да се разрешувани и заменувани со партиски функционери на СДСМ и дека тоа е предавство на синдикалното движење. Сето ова покажува неколку клучни работи: штрајкот на СОНК наликува на исполнување на лична агенда на претседателот Неделков и покажува исклучително низок степен на демократичност. Односно СОНК е заложник на амбициите на раководството, пишува Република.

 

 

 

Оцени ја веста

31.01.2015 - 14:13

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега