Серена Вилијамс го освои Австралија опен

Првата тенисерка во светот Серена Вилијамс по шести пат во својата кариера го освои Австралија опен, откако во финалето ја совлада Марија Шарапова со 6:3, 7:6 (7:5).

 

Американката со тоа стигна до 19-тата Грен слем титула, прва во Мелбурн од 2010-та година. Сега нејзината серија во победи против Шарапова изнесува 16.

 

 

Серена мечот го заврши со 38 винери и 25 неизнудени грешки, запиша 18 асови, а Шарапова на другата страна имаше 21 директен поен и 15 грешки.

 

 

Оцени ја веста

31.01.2015 - 12:57

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега