Скопјани ќе имаат каде да се разладат - отворање на Воениот базен во Аеродром

 

 

Денеска ќе биде отворен реконструираниот Воен базен во Аеродром. Базенот ќе работи секој ден, до крајот на септември, од 8 до 01 часот по полноќ.

Како што информира новиот менаџмент на базенот, реконструирано е и санирано коритото на базенот, а реновирани се и тоалетите. Изграден е нов угостителски објект, а новиот концесионер на отворениот базен во општина Аеродром ќе понуди летни школи за пливање, ватерполо тренинзи, необични спортови во вода и постојана анимација за посетителите.

Покрај пливачките летни школи, натпреварите во одбојка и тимски игри, менаџментот на базенот од оваа година ќе стави акцент на организација на работењето со граѓанскиот сектор. За таа цел се воведени повеќе капацитети за опуштање на посетителите, поставени се повеќе ареи за седење и одмор, како и креирање на детско игралиште за најмалите.

Целата програма на работење наскоро ќе може да се погледне на сајтот на базенот. 

најчитано сега