Русија: Шестмина застрелани во обид за грабеж

Вооружан маж убил шест лица, вклучувајќи и две девојчиња кога отворил оган пред продавницата на ловечка опрема и оружје во рускиот град Белгород. Напаѓачот од продавницата пристигнал околу 14 часот по локално време во црн автомобил марка BNW и излегувајќи од автомобилот почнал да пука од огнено оружје. Тој почнал да пука на луѓето кои се наоѓале во продавницата, а потоа и на минувачите, по што побегнал од местото на настанот. Напуштениот автомобил е пронајден во соседниот блок. Полицијата го идентификувала напаѓачот како 32 годишниот Сергеј Помазун, кој четири пати е осудуван за кражба, и кој од затвор излегол минатата година. Мотивот за нападот е обид за грабеж на продавницата за ловечка опрема.

 

најчитано сега