Елена Ристеска се сели oд Македонија?

По успешното учество на Елена Ристеска во шоуто „Твоето лице звучи познато“ се отвора прашањето околу нејзиното преселување во Белград.

 

Елена во регионалното шоу „Твоето лице звучи познато“ заврши како втора, што е исклучителен успех. Тоа треба да се искористи како помош околу посериозен пробив на пошироката балканска сцена, во што особено ќе и помогне и концертната турнеја со која учесниците на двете сезони на шоуто ќе настапат во поголемите градови во регионот.

Ппокрај ангажманите во соседството Елена Ристеска не планира да се пресели во Белград за да биде поблиску до центарот на регионалните збиднувања, туку како база и понатаму ќе го има Скопје.

 

Пејачката заедно со својот долгогодишен соработник Дарко Димитров моментално работи на нов материјал, а како чекор кон регионалната кариера ќе биде тоа што дел од песните ќе бидат на српски јазик. Текстовите на новите песни, како и обично, се дело на самата Елена, а новиот албум треба да се појави на крајот на годината.

 

 

Оцени ја веста

27.01.2015 - 10:07

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега