Боки 13 удри по Елена и Дарко Димитров- нема да верувате со што ги спореди

 

Бојан Јовановски кај што плука, не лиже - доказ за тоа е и неговата последна изјава во која тврди дека и по четири поминати години тој се уште стои на тоа дека Елена Ристеска и Дарко Димитров биле во тајна љубовна врска.

-Секогаш стојам позади она што ќе го кажам и поради тоа ги сносам последиците од изреченото. Тужен сум од страна на Елена и Дарко за вистина и по толку поминати години уште стојам на тоа дека тие двајца беа во тајна љубовна врска. Но, да ви кажам една работа искрено, мене буквално ме заболе уво со кого тие имале каков било љубовен или сексуален однос. Ме изиритира нивното лицимерие и лигавост во тоа време. Поради нив не отидов на Евровизија и изреволтиран решив пред јавноста да ги откријам нивните вистински лица. Во спротивно, никогаш не би биле предмет на мој интерес или пак тема на муабет што би го правел, бидејќи тие за мене и двајцата во пакет се обични вагинални ликови", вели Боки.

Судската сага трае веќе 4 години, а секое следно рочиште се оддложува поради непојавувањето на пејачката пред органите.

-Точно е дека судските рочишта одземаат време и пари, но оваа работа нема да ја прекинам и со последниот атом сила кој го имам ќе се борам се додека не ми се извинат. И двајцата се свесни дека целата македонска јавност знаеше за нивните меѓусебни односи и дека тоа беше јавна тајна која никој немаше храброст да ја каже во лице, а јас за истата бев тужен и се додека тоа не се реши во моја полза, тензијата нема да престане. Од мене бараат пари, а не се свесни дека можат да добијат само чоколадна банана", во свој стил објаснува шоуменот кој во неколку наврати се има замерено со повеќе наши познати ѕвезди, меѓу кои и Калиопи.

Во моментов работи како менаџер на момците од Некст тајм, кои се ексклузивци во неговата продукција која ја има отворено заедно со Марина Туцаковиќ во Белград.

-Среќен сум што конечно можам да го покажам мојот интелект кој долги години беше потиснуван поради глупите естрадни морони. Задоволен сум од работата на "Прајм продукција#. Телевизијата како медиум ми недостасува, но во едно друго време. Првата љубов секогаш се памети. Сепак, сега за сега апстинирам на тоа поле и кога ќе се создадат вистински услови, тогаш таа повторно ќе падне под моите нозе", заврши Бојан.

Извор: ВЕЧЕР

 

 

Оцени ја веста

26.01.2015 - 19:32

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега