Македонија најниско задолжена земја во регионот

 

Македонија во делот на макроекономските показатели и нивото на задолженост е многу подобра од другите земји од регионот, е оценето на денешниот регионален самит на министри за финансии и гувернери на централни банки во Бечиќи на кој учествува и македонскиот вицепремиер и министер за финансии Зоран Ставрески.

Задоволство беше да се слушне од повеќе страни дека Македонија во делот на макроекономските показатели и нивото на задолженост, буџетскиот дефицит стои многу подобро од другите земји во регионот. Македонија е најмалку задолжена земја од сите земји коишто се присутни на овој регионален самит и тоа беше потенцирано како една добра карактеристика на македонската економија, истакна вицепремиерот Ставрески во изјава за МИА.

 На самитот на кој учествуваат министрите за финансии и гувернери од седум држави од регионот се разговара за актуелните состојби во економијата, фискалните и монетарните политики, како и за тоа како земјите се справуваат со предизвиците.

 - Разговаравме за можностите за регионална соработка, заеднички настап кај меѓународните финансиски институции за изградба на проекти во патната инфраструктура, автопати, енергетската инфраструктура и други инфраструктурни проекти, појаснува вицепремиерот Ставрески во изјавата за МИА

најчитано сега