Македонската економија порасна за 3% во првиот квартал

Стапката на раст на бруто-домашниот производ (БДП) за првото тримесечје од 2013 година изнесува 2.9 соопшти Државниот завод за статистика.

Во првото тримесечје од 2013 е забележан пораст во повеќето сектори. Најголем пораст е забележан во секторите градежништво од 36,8%, сообраќај, складирање и врски од 2,5% и финансиско посредување активности во врска со недвижен имот, изнајмување и деловни активности, други комунални, општи и лични услужни активности од 2,5%. 

Финалната потрошувачка на домаќинствата вклучувајќи ги непрофитните институции кои им служат на домаќинствата, во однос на истиот период од 2012 година, номинално расте за 2,1%, а нејзиното учество во струкурата на бруто-домашниот производ изнесува 79,3%. 

За истиот период, извозот на стоки и на услуги номинално порасна за 0,2%, а увозот на стоки и услуги забележа намалување во номинален износ од 3,1%.

Економски

најчитано сега