Стјуардеси се проституираат со пилоти поради скратените плати
Скандал ја потресе Јапонија откако весникот Шукан Поста пишуваше дека стјуардесите се проституираа поради скратување на платите.
Како што пишува весникот, за само 90 минути тие заработуваат и до 700 евра.
- Стјуардесите кои сакаат да спијат со пилотите за пари го оставаат својот број на телефон на постара стјуардеса која потоа го проследува до пилотите. исто така, пилотите некогаш со раце им праќаат сигнали со кои им порачуваат дека се заинтересирани и колку ќе им платат. Некои стјуардеси своите услуги ги нудат и преку специјализирани компании, открива стјуардеса за весникот.
За време на контролата пред летот, стјуардесите се постројуваат пред пилотот и копилотот. Додека трае брифингот тие им даваат сигнали со прсти. Според стјуардесата четири прсти подигнати до нос значат понуда од 225 фунти за ноќ во хотел.
Во Јапонија било сон на многу млади жени да станат стјуардеси, па поради тоа годишно за оваа работа се пријавуваат по 10.000 девојки.
Но реалноста е поинаква. Според информациите од јапонското министерство за здравје, работа и социјална заштита, таа работа е слабо платена и поради работата се поминува многу време во лет.
Во периодот од 2004 година до 2013 година годишните плати на стјуардесите паднале од 28.000 фунти на 22.000 фунти.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа