Околу 6.000 џихадисти убиени во воздушните напади во Ирак и Сирија
САД оценуваат дека се убиени околу 6.000 џихадисти во воздушните напади на меѓународната коалиција против припадниците на Исламска држава (ИД) во Ирак и во Сирија, изјави американскиот секретар за одбрана Чак Хејгел.
Тој предупреди дека е против пребројувањето на телата како мерка за напредок во војната против џихадистите.
Американскиот амбасадор во Ирак, Стјуарт Џонс во вчерашното интервју за телевизијата Ал Арбија првпат соопшти колку џихадисти се елиминирани во воздушните напади.
Сепак не постои независна потврда за проценката на Пентагон за бројот на жртвите во редовите на ИД при воздушните напади, како што и останува нејасно колку цивили се ненамерно убиени во истите напади.
Меѓународната коалиција отпочна со воздушни напади во Ирак на осми август, а во Сирија на 23 септември.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа