Белградски пашалук

Ако Жељко Јоксимовиќ ја напуштил Македонија тогаш државата да му го ковертира казнениот налог до 150 евра и заедно со фотографијата да му го достави во Србија. Во предвидениот рок ако не го плати чаламот, да ги задолжи полициските гранични служби на првиот влез во Македонија да ја извршат наплатата зголемена за 50%. Така е тоа во Европа. Така е тоа во европска држава. Ако се друго може да биде европски, мора и тоа. Кум није дугме, ама Македонија не е белградски пашалук.

Вранишковски не излезе од затвор. Обвинителството го задржа за да го фрли крстот во затворот Идризово. Кој го фатил, нема информации. Потоа веќе беше доцна. Ноќ фати. А по темница не се патува. Блеград и Атина далеку се. До следната милост на обинителите, Алфеев има време темелно да размисли за повисоките цели. За сега толку од бизнисот.

Американскиот амбасадор во замнување остави аманет. Од демократија да се вратиме во племенска орда. Сите заедно да ја водиме државата. За него демократијата да ти бил есктремистички поглед на иднината. Затоа неговиот совет е наместо избори да си формираме техничка влада. Видел тој такво нешто и во држави во кои живеел. Не знам во кои, но во неговата биографија, покрај Скопје, се запишани и Никозаја, Бангладеш, Москва, Букурешт. Македонија треба да има принципелен став во поглед на прашањето за расно-демократските постмодернистички состојби на северно-американскиот континент. Секое решение кое што ќе го постигнат спротивставените страни во САД, Скопје ќе го поддржи и ќе го почитува. Тој компромис за постигнување на основните човекови демократски капацитети на САД може да се надмине со заеднички напори, особено сега кога примирјето меѓу црномурестото население и полицијата е акивно. Тоа нема да биде решение кое ќе ги задоволи двете страни. Тоа ќе биде болно решение, но на крај сите ќе бидат задоволни. Македонија нема механизми да ги примора полициските службеници на САД да не користат оружје против црномурестите американски државјани кои зборуваат на повисок тон, но затоа ги охрабрува двете страни најитно да формираат техничко правителство како основен предуслов за почнување на дијалог.

116 дена, 20 часа, 17 минути и 6 секунди. Зоран Заев се уште ја гушка бомбата. Гушкањето му станува секојдневие. Бомбата навечер, новинари преку ден. “Бомбичке-бомбичке, најексплзивен кој е?”, си прашува навечер. “Вие лидере”… одекнува одговор напладне. Првата битка за слободата на новинарството заврши со гушкање со Заев и Шекеринска. Втората ќе финишира со љубење, а на третата новинарството веќе ќе доживее оргазам. Разбира се, сето0 тоа во време кога на “Павелшатевска”, онака демократски, се прават списоци за апсење на новинари заради искривоколчено известувањето. Сега новинарството е во шизма, во раскол де, и треба да го вратиме во единство. Во единство со едната, света, слободно-мислечка и демократска партија. И така општо-партиски да општиме. Така сите заедно ќе го ослободиме… од правото да може да мислиш поинаку…

Математички множина се прави од два и повеќе. Македонски гледано три прави многудетно семејство. 12 е бројка. Двоцифрена. Математички сама по себе е множина. 12 деца по македонски е психолошки проблем. За  три следува награда, за 12 бесплатна психолошка помош… ако е потребна, разбира се.

Се плаќаат ли придонеси за приходи остварени по основа на рентање на имот? Особено ако тој приход е повисок од минималната плата. Ако се плаќаат, кој ги плаќа?

 

 

Оцени ја веста

23.01.2015 - 10:35

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа