Мистер Бин се враќа на ТВ екраните
Познатиот актер кој ја освои целата публика, Мистер Бин по цели осум години без ниту еден скеч, конечно се враќа на телевизиските екрани.
Рован Аткинсон е еден од најпопуларните Англичани на светот, благодарејќи му на неговото шоу кое одеше од 1990 па се до 1995 година. Ликот на Мистер Бин го заокружи со улогите во два играни филма во 2004 и 2007 година.
Сега конечно е потврдено дека тој се враќа на ТВ екраните и тоа на 13 март, на Red Nose Day (денот на црвениот нос) хуманитарен настан за собирање на средства кој се одржува се од 1985 година.
Оцени ја веста
23.01.2015 - 09:48
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа