Грујевски за РСМ: Благ раст на еврото се очекува денеска по одлуката на EЦБ

Возбудлив ден на девизниот пазар додека се чека состанокот на Европската Централна банка закажан за денеска попладне. Но, од извори во банката веќе излезе информација дека ЕЦБ ќе настапи со агресивни мерки. Според финансискиот аналитичар Саша Грујевски, кој беше гостин во емисијата Бројки Радио Слободна Македонија, тоа значи дека ЕЦБ месечно ќе откупува по 50 милијарди евра државни обврзниици. Или ако почне од март, оваа година ќе се вбризгаат 500 милијарди евра.

Програмата е планирана и во наредната 2016 година, што значи уште 600 милиајарди евра или за две години 1,1 трилион евра ќе бидат вбризгани во стопанството. Ова покажува дека првиот човек на ЕЦБ, Марио Драги се покажа како доста поагресивен водач отколку неговите претходници, вели Грујевски, кој очекуват позитивни поместувања на пазарите.

Тоа значи дека Европската Централна банка ќе вбризга свежи пари во банките кои ќе откупуваат државни обврзници. Банките тие пари ќе мора да ги пласираат во кредити за стопанството. Голем дел од средствата не мора да го задржат во својата национална држава, туку може да ги пласираат и надвор од матичната земја, како што направи САД, изјави Саша Грујевски, финансиски аналитичар.

Проблем, според него ќе бидат уставните одредби, според кои националната економија не смее да прелева пари од една во друга држава. На пример, Ако Германија откупува обврзници од Грција, таа ги откупува со пари од нејзините даночни обврзници. Ова не е дозволено со закон, затоа, според Грујевски најверојатно тоа ќе се реши на тој начин, што секоја земја пропорционалнно, рамномерно ќе откупува обврзници согласно нивниот удел во создавањето БДП во Унијата.

Според Грујевски ЕЦБ со ваквите мерки ќе започне нов инвестициски циклус.

Денеска ефективната вредност на еврото се очекува да порасне во однос на останатите валути. Тој раст би се задржал една, две години. Но,сдолгорочно, имајќи предвид дека банките ќе пласираат повеќе кредити по ниски камати, се очекува стабилизирање на вредноста на еврото, односно благ пад во однос на доларот. Советот кој Грујевски им го порачува на македонските граѓани кои имаат заштеди е да го дисперзираат ризикот.

Тоа значи да не брзаат и веднаш да ги менуваат заштедите во евра, тука да си задржат одреден дел од заштедите и во евра и во франци и во долари, кој најверојатно долгорочно ќе бележи пораст.

 

 

 

Оцени ја веста

22.01.2015 - 15:17

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега