„Илирида“ осамна на споменикот од НОБ во Гостивар
Споменикот на паднатите борци од НОБ во кој се наоѓа во градскиот парк во Гостивар е осквернавен, пренесе Дневник.
Непознати сторители викендов, на долниот дел и на задната страна од споменикот со црн спреј испишале "Илирида".
- Овој вандалски чин е груб и психолошки атак на спокојството на граѓаните на Гостивар. Се прашуваме кому му пречи овој споменик кој е подигнат во знак на почит, сеќавање и благодарност кон сите загинати борци во НОБ од сите националности. Ова е директен удар по меѓунационалните односи и етничкиот соживот во градот , е реакцијата од борците за ова дело.
Инаку, ова не е прв пат споменикот да биде осквернавен.
ФОТО:Дневник
Повеќе на Дневник.мк