Немојте да го полните телефонот цела ноќ- еве зошто

Ноќта е времето кога се полнат батериите, вака смета најголемиот дел од корисниците на паметни телефони на кои чести уредите им остануваат приклучени на полначот во текот на целата ноќ. Експертите сметаат дека оваа навика мора да се промени.
Давид Мекеј кој е професор на Кембриџ, тврди дека оставањето на телефонот приклучен на полначот дури и откако е наполнет не е добро за уредот. Тој објаснува дека телефонот ќе се наполни за неколку часа, а останува поврзан со полначот во текот на целата вечер. Професорот тврди дека ако се вади полначот може да се заштеди на годишната потрошувачка на струја.
Студијата покажува дека полначот додека е во струја троши 0,26 вати. Кога мобилниот е приклучен на полначот тој троши 3,68 вати, а кога ќе се наполни телефонот, потрошувачката паѓа на 2,24 вати. Тоа значи дека толку ќе троши во текот на ноќта, сосема непотребно. Освен тоа, Мекеј тврди дека за батеријата на мобилниот не е добро да биде поврзана со полначот откако ќе се наполни до 100 проценти. Тоа го намалува животниот век, односно побрзо ќе се празни.
Според овој професор, тоа најмногу се однесува на литиум јонските батерии што ги имаат најголемиот дел од паметните телефони. Тие не би требало да бидат приклучени на полнач откако ќе стигнат до 100% и додава дека за оптимално траење на батеријата, подобро е да се полни пократко по неколку пати.

Извор: Попара

 

 

Оцени ја веста

21.01.2015 - 17:10

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега