Македонец уапсен во Чешка поради трговија со дрога

Припадници на чешката Единица за борба против дрогата притворија седум лица меѓу кои и еден македонски државјанин, осомничени за трговија со дрога, јавува МИА.

 Се работи за 6,6 килограми кокаин, чија вредност на црниот пазар е 1,6 милиони евра.

 

 Главните организатори на овој вид криминал беа двајца етнички Албанци, еден граѓанин на Македонија, а другиот е државјанин на Србија. Сите биле предводени од други лица од албанска националност, изјави портпаролката на чешката полиција.

 

Групата во Чешка тргувала со кокаин и хероин, користејќи ресторан во центарот на градот, каде се пакувала дрогата пред нејзината дистрибуција.

 

  На петмина од притворените, доколку се покаже дека се виновни им се заканува затворска казна од 8 до 12 години, а на двајца до 5 години затвор.