Република анализа: Сорос го киднапираше СДСМ
Некогаш најголемата политичка организација во Република Македонија, Социјалдемократскиот сојуз, се сведе на партија на платеници на Сорос. Тие ја контролираат СДСМ, а со пари на фондацијата Сорос ги носат крупните одлуки во име на СДСМ и ги контролираат опозициските медиуми, анализира Република.мк.
Додека раководството на СДСМ се загубија по најавите за разни афери под бомбастично име „бомба“, термин со кој манипулираат и шпекулираат скоро цела година, уште од предизборниот период во Македонија, периодот на загубеност го искористија платениците на Сорос кои го презедоа кормилото на опозицијата.
Всушност меѓу опозиционерите има околу триста лица кои земаат пари од проектите на Сорос, односно пари доделени од Владимир Милчин, чии што платени улоги, но и лични животни цели им е да ги хранат своите фрустрации, гнев и немоќ откако се прозрени од народот во својата намера, со лажни теми за немање демократија или немање слобода.
Всушност, зад „немањето демократија“ се крие нивната желба за власт, а во „недостатокот на слобода“ се крие речникот со кој со најдрски закани се шири говор на омраза и тоа токму од медиуми кои се под нивна капа. Во тоа предничат порталот А1он, Плус инфо, Слободен печат, Либертас и други. Дури и Милчин потврдиува дека контролира седум медиуми во земјава.
Логиката која ги води во нивните напади е дека тие што имаат проекти со власта се обврзни да ја поддржуваат. По истата логика, пак, значи дека тие што имаат проекти од странски фондови, како што е тој на Сорос, и странски служби, а такви има повеќе, тие се обврзани да поддржуваат и туркаат туѓи, странски интереси во Македонија, без притоа да се мисли за доброто на државата или граѓаните.
За тоа во која насока се движи СДСМ, отворено се поставува и прашањето, кој тоа дал интервју за медиумите на Сорос, во име на Зоран Заев додека тој зимувал како се наведува во монденски зимски центар во Италија?
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа