Кежаровски пуштен на слобода
Новинарот Томислав Кежаровски пред малку излезе од затворот „Скопје“, бидејќи како што му било соопштено затворската казна му се прекинува за еден месец, односно му било речено во затвор да се јави на 18 февруари, јавува Фокус.
Како што ни објасни Кежаровски, барањето за прекин на издржувањето на казната побарал директорот на затворот „Скопје“, а одлуката ја донел директорот на Управата за извршување на санкции.
„Во решението се наведува дека сум пуштен поради влошена здравствена состојба, а пишува дека во затвор треба да се појавам на 18 февруари“, истакна Кежаровски за „Фокус“.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа