Преживеал два дена на дното на море: Слушав како рибите ги јадат телата на моите пријатели

 

Харисон Окен од Нигерија преживеал откако два дена бил заробен на 30 метри под морската површина на леденото море.

Ова 29-годишно момче се наоѓало на брод кој се превртел поради бура, па потонал на морското дно. Сепак, Окен успеал некако да остане заробен но при тоа да има воздух па така и се спасил.

- Два дена бев на дното на морето. Мислев дека тоа е крајот за мене и бев гладен и ужасно жеден. Беше како на хорор. Солената вода ми го испржи јазикот, вели момчето.

- Најстрашно е што во моја близина беа и моите другари од бродот а можев да слушнам како рибите им го јадат телото, додава момчето кое сега постојано има ноќни мори дека потонува со брод.

најчитано сега