Ристовски: Да не примаме лесни голови

Голманот на македонската репрезентација Борко Ристовски на мечот со БиХ запиша десет одбрани, а имаше неколку успешни интервенции кога се кршеше резултатот.

 

Македонија овој натпревар го доби со 25:22, а сега следува дуелот со Хрватска, кој претставува битка за првото место во групата Б.

 

Борко Ристовски вели дека мечот со БиХ го добивме на искуство, но потенцираше дека некои работи не смеат да се повторат на следниот меч.

-Тежок натпревар, кој докажа дека овде нема слаби репрезентации и дека сите знаат да играат ракомет. Примивме доста лесни голови, што се надевам дека нема да ни се случи на средбата со Хрватска. Денеска пресуди нашето поголемо искуство, вели Ристовски.

 

Мечот со Хрватска се игра во среда со почеток во 17:00 часот.

 

 

Оцени ја веста

20.01.2015 - 09:05

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега