Внимавајте крадците не запираат - опустошен стан во скопски Капиштец
Засега непознат натрапник опустшил стан во скопската населба Капиштец. Крадецот насилно провалил во станот на А.С., го пребарал станот и успеал да го пронајде богатството.
Според МВР, крадецот си заминал со 1.500 евра, 60.000 денари и златен накит. Вкупната штета се проценува на 200.000 денари.
Полицијата презема мерки за пронаоѓање на сторителот.
Крадец на сила на отворил вратата на станот сопственост на А.С., откако насилно делувал на бравата.