Во Битола крстот го фати Александар Пинзовски
Преспанско-пелагониската епархија празникот Богојавление го одбележа со централна свеченост во Храмот „Св.Димитрија“ каде пред бројните верници, црковна богослужба одржа митрополитот г. Петар.
Според вековната традиција, во црковниот базен по светиот крст скокнаа дваесеттина момчиња, а најхрабар и најсреќен беше дваесет и три годишниот Александар Пинзовски.
- Многу сум возбуден. Прв пат скокам во светите води, и прв пат го фатив светиот крст. Чувството е прекрасно. На сите им посакувам здравје, среќа..., рече меѓу другото Пинзовски по завршување на чинот на осветувањето и фрлањето на крстот во Храмот „Св. Димитрија“ во Битола, пренесува МИА.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа