Честитка по повод празникот Богојавление Христово - Водици од ВМРО-ДПМНЕ

 

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ на сите православни христијани им го честита големиот празник Богојавление Христово – Водици.

Празникот Богојавление Христово - Водици со својата духовност, значење и традиција отсекогаш претставувал еден од најголемите, најубавите и најрадосните празници во нашето православие.

Одбележувајќи го овој голем празник ние го славиме нашето духовно раѓање. Радувајќи се на Христовото крштевање и осветувајќи ги македонските води ја продолжуваме и чуваме традицијата на нашите предци и ја потврдуваме вербата и почитувањето на традиционалните вредности.

Само така, негувајќи ја традицијата, почитувајќи ги религиозните и културните посебности ќе имаме сила и верба заедно да ги издржиме секојдневните предизвици и искушенија, заедно да се радуваме на успесите, но и заедно да се бориме и работиме за нашата единствена и заедничка цел, а тоа е силна и успешна Македонија.

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, на верниците од православна христијанска вероисповед им посакува овој голем ден да донесе радост, топлина, мир и спокој во секој дом, како и почитувување на вистинските христијански вредности.

 

 

Оцени ја веста

19.01.2015 - 12:40

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега