Хорор: Жена жива запалена од поранешниот партнер

 

Жена се здобила со тешки изгореници при напад кој се случил во белградската населба Батајница.

Како што РТС дознава, 40-годишната У.С била нападната од нејзиниот поранешен партнер. Тој ја полил со разредувач, па потоа ја запалил. Лекарите на Ургентниот центар се борат за нејзиниот живот.  

Нападот се случил околу полноќ во станот на зградата на улица Свето Серафим со број 3. Како што дознава РТС неофицијално, жртвата не ги знаела намерите на напаѓачот, бидејќи го пуштила да влезе во зградата.

Напаѓачот со жртвата бил порано во љубовна врска. 40-годишната У.С  преживеала бидејќи соседот поради вревата станал да види што се случува, ја затекнал жената во пламен и ја изгасил и веднаш повикал Итна помош, која ја пренела во Урхентниот центар. 

Полицијата трага по напаѓачот. 

 

 

Оцени ја веста

19.01.2015 - 10:17

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега