ВМРО-ДПМНЕ: Апелираме судските инстанци да ја проверат процедурата во случајот со Кежаровски
ВМРО-ДПМНЕ ја осудува секоја и секаква политичка злоупотреба на судската одлука во врска со случајот “Ликвидација“, а посебно во однос на пресудата на судот за новинарот Томислав Кежаровски.
Интегрален текст од соопштението на ВМРО-ДПМНЕ
Апелираме до повисоките надлежни судски инстанци, врз основа на законската регулатива, да ја проверат процедурата во случајот со новинарот Кежаровски и секоја своја одлука пред јавноста да ја објаснат на што ја темелат, со цел да се спречи шпекулирање и манипулација со јавноста од страна на одредени општествени субјекти, а посебно од страна на политички партии.
Опозицијата мора да престане со дивеење и ширење закани и омраза, поттикнати од лични цели, а најмногу заради фактот дека никој не ја гледа како алтернатива, најмногу поради нивната деструктивност, хаотичност и фрустрациите кои се основа на нивното делување.
ВМРО - ДПМНЕ не сака и нема да се вовлекува во постапки и одлуки кои нема никаква врска со политичките партии.
ВМРО - ДПМНЕ, како и во сите досегашни случаи, остава судските инстанци да делуваат строго според закон и процедури, без да дозволат било каков притисок
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа