Две лица загинаа 14 се исчезнати - потона ферибот на Филипините
Две лица загинаа при потонување на ферибот на Филипините, а 14 се водат како исчезнати.
Спасувачките екипи спасиле 41 лице при потонувањето на ферибот при бродолом во близина на брегот на централната провинција Масбат. Во бродот имало 35 патници и 22 луѓе екипаж. На палубата имало два автобуса и шлепер за кои се претпоставува дека биле неправилно поставени и поради тоа бродот се превртел.