Ердоган се сретна со демонстрантите
Турскиот премиер Реџеп Таип Ердоган прими синоќа во резиденцијата во Анкара претставници на демонстрантите од паркот Гези во Истанбул.
– Сакаме да знаеме што мисли населението во Истанбул, и тоа решение ќе биде многу значајно за нас, изјави Хусеин Челик, портпарол на владејачката Партија на правдата и развојот.
Во делегацијата на демонстрантите имаше 10 луѓе меѓу кои и претставници на граѓански организации.
Неколку часа пред средбата, полицијата повторно употреби солзавец врз група од околу 200 демонстранти во центарот на градот близу резиденцијата на Ердоган. Петмина демонстранти се приведени. Полицијата употреби и водени топови за да ги растури демонстрациите.
Ероган вчера упати ултиматум кон демонстрантите, но неколку часа подоцна тие го одбија ултиматумот.