Хрватската претседателка побара од ОН итна пресуда за Шешељ

Новоизбраната хрватска претседателка Колинда Грабар Китаровиќ побара од генералниот секретар на Обединетите нации Бан Ки-мун да ги преземе сите мерки за враќање на Воислав Шешељ во притвор во Меѓународниот суд во Хаг и што е можно поскоро да се донесе пресуда за неговиот случај. 

- Со ослободувањето на Шешељ се поткопува целта, поради која Советот за безбедност го основа Меѓународниот кривичен суд за поранешна Југославија. Затоа барам од Вас да ги преземете сите потребни чекори за да се овозможи Шешељ да се врати во притвор во Хаг се додека не ги исполни условите за привремено пуштање на слобода, кои сите други затворенци на Судот мора да ги исполнат, се наведува во писмото на Грабар Китаровиќ до Бан Ки-мун, кое денеска нејзиниот изборен штаб го достави до агенцијата Хина.  

Според Грабар Китаровиќ под околности, кои не се сосема јасни, Судот во ноември 2014 година го пуштил на привремена слобода Шешељ од „хуманатарни причини поради влошената здравствена состојба“.

- Меѓутоа Судот за привременото пуштање на слобода не му одреди услови, кои инаку се вообичани, вели таа.

Грабар Китаровиќ нагласи дека од Шешељ не било побарано да се воздржи од јави настапи или ангажмани во политичкиот живот додека е на привремена слобода, како и дека тој не бил обврзан да се врати во Судот, кога тоа ќе биде побарано од него.

Шешељ е обвинет во 2003 година, судењето заврши во 2010 година, но досега не е донесена пресудата

 

 

Оцени ја веста

18.01.2015 - 13:08

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега