Press24 стана милионер

Press24 по повеќе од 4 години напорна работа конечно ја достигна бројката од 1 милион уникатни корисници месечно според мерењето на Google Analtics. Вашиот омилен информатор во последните 30 дена регистрираше 1.014.345 уникатни посетители кои направиле близу 4 милиони посети и прегледале скоро 8 милиони страници. 

Комплетниот извештај од Google Analytics можете да го погледнете тука

Во споредба со останатите веб портали, според мерењето на Gemius, Press24 убедливо го држи врвот. Нашите информации во декември пристигнале до скоро 35% од сите корисници на интернет во Македонија. Комплетниот извештај погледнете го тука

Press24 е најпопуларен интернет портал во Македонија веќе петти месец по ред, а убедливо водиме пред сите портали и според мерењето на Alexa. Целосниот преглед на најпопуларни сајтови во Македонија според Alexa погледнете го тука

Редакцијата на Press24 Ви се заблагодарува за довербата. Во периодот кој следи ветуваме многу напорна и неуморна работа за да останеме доследни на мисијата, информациите да Ви ги сервираме први во кратка и разбирлива форма.

 

 

Оцени ја веста

17.01.2015 - 20:25

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега