Четири лица тешко повредени на скопските улици

Во текот на вчерашниот ден на подрачјето на Град Скопје од страна на сообраќајната полиција извршен е увид на вкупно 13 сообраќајни незгоди од кои  девет се со последица материјална штета и четири се со последица тешка телесна повреда во кои со полесни повреди се здобиле двајца сопатници и двајца пешаци.

Во текот на вчерашниот ден од страна на сообраќајната полиција откриени и санкционирани се 16 возачи кои го управувале возилото под дејство на алкохол и тие се исклучени од сообраќај. Дваесет и девет возачи кои не го почитувале ограничувањето на брзината на движење, од нив 15 возачи се движеле со брзина поголема од 90 километри на час во населено место, двајца возачи поминале на црвено светло на семафор, како и 15 возачи кои не го користеле сигурносниот појас или го користеле мобилниот телефон за време на управување на возилото.

Со помош на специјалното возило „пајак“ во текот на вчерашниот ден од страна на сообраќајната полиција отстранети се 62 возила кои го попречувале нормалното одвивање на сообраќајот.

За денеска нема најавено вонредни настани со што се очекува сообраќајот да се одвива тековно и според постоечката сообраќајна регулатива.

 

 

Оцени ја веста

15.01.2015 - 09:21

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега