Битола мрзне - температурите длабоко под нулата
Во седум часот утрово во речиси сите градови низ Македонија се измерени температури под нулата, -10 во Битола, -9 во Берово, -8 во Тетово, Скопје Петровец, -7 во Прилеп, -6 во Демир Капија, Штип, Струмица, -5 во Скопје Зајчев рид., Кавадарци, Куманово, -4 во Виница, Крива Паланка, Гевгелија, -3, во Лазарополе, -2 во Маврово, Охрид и -1 во Претор. Во Крушево температурата беше нула степени, а во Дојран пет.
Како што соопшти УХМР, преку ноќта беше ведро, а утринава е студено и ведро, понекаде со слаб ветер од северен правец.
Висината на снежната покривка во седум часот беше 33 сантиметри во Маврови Анови, 30 во Лазарополе, 10 во Крушево и Пожаране, девет во Тетово, седум во Ѓуриште, шест во Прилеп и Охрид, три во Виница, Тополчани и Битола, како и еден во Крива.Паланка.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа