Проверете какво ќе биде времето утре

 

Времето утре во Македонија ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб северен ветер кој само долж Повардарието и на повисоките места ќе биде со умерен до засилен интензитет.

Утринската температура ќе се движи од минус девет до минус два, а дневната од три до 11 степени.

Во Скопје слично време, сончево со умерена облачност. Ќе дува слаб ветер од северен правец. Утринската температура ќе се спушти до минус осум, а дневната ќе се искачи до шест степени.

Во наредните денови ќе преовладува стабилно и суво време без некои значителни промени. Од петок по котлините и по речните долини ќе има услови за појава на магла. Од недела се очекува зголемување на облачноста и повремени врнежи од дожд, а на планините со повремени врнежи од снег.

 

 

Оцени ја веста

14.01.2015 - 20:07

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега