Се отвори македонската фолкерка: Уживам без градник

 

Пејачката Андријана Кеш се навикна на силиконските гради, што ги зголеми пред неколку месеци, во една од скопските клиники. 

- "Уживам, навистина уживам! Мене градниците никогаш не ми пречеле, но има фустани што многу подобро стојат кога се без градник. Е јас го дочекав тој момент кога не мислам каков градник да ставам за некој фустан", вели Андријана, која ги помина новогодишните празници во Скопје, бидејќи заради проблеми со визата, не отпатува за Австралија. 

Андријана е поборник за естетските интервенции и вели дека сите оние што не се задоволни од нешто, треба да го коригираат. 

"Градите се моја трета естетска интервенција. Пред три години ги направив усните, пред две носот и сега градите. Ма, супер ми се! Не ги правев огромни и без мера. Туку тамам се, одговараат на мојата висина. Имав мали, а сега во нив ставив 325 кубици силикон. Досега носев градник со број 85, а од денес ќе носам 90-ка. Јас одамна планирав да ги зголемам, ама никако да дојде денот. Направив нешто што ќе ми биде украс на телото. Не е поентата само несразмерно да ставаш силикони. Јас коригирав, но корекциите изгледаат природно", рече Андријана по операцијата, пишува Вест.

 

 

Оцени ја веста

14.01.2015 - 12:41

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега