Редовен авионски лет со само еден патник
Американецот Крис О’Лири останал единствен патник на редовниот лет од Кливленд до Њујорк.
- Дојдов на аеродромот и сфатив дека мојот лет доцни, а на другите летови немаше слободни места. Така останав да чекам и кога авионот, кој доцнеше навистина многу долго, конечно пристигна, бев единствениот патник кој го дочека крајот на доцнењето, изјави О’Лири за телевизијата „Еј-Би-Си“.
Така, О’Лири бил единствениот патник во авионот што се подготвувал за полетување.
- Беше чудно, но сепак немаше деца кои викаат, никој не се расправаше, никој не слушаше музика гласно, додаде О’Лири, чија забава сепак траела кусо, бидејќи пред самото полетување во авионот се качил уште еден патник.
Сепак, пред да дојде „натрапникот“, О’Лири ги замолил членовите на екипажот да го фотографираат и фотографиите ги споделил на Твитер, по што целата приказна заврши во медиумите.
Коментарот на неговата мајка на објавените фотографии бил кус: „Драго ми е што тој ден имаше средена фризура“.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа