Facebook страницата Здрава бременост со 8.770 поддржувачи

Facebook страницата Здрава бременост, креирана од Министерството за здравство, веќе неколку месеци активно функционира на социјалната мрежа и досега има 8.770 поддржувачи.

Mинистерството соопшти дека споделената вест за новата превентивна мерка што ја воведува од првата половина на март, а со која на годишно ниво ќе обезбедува бесплатни таблети фолна киселина и јод за секоја бремена жена во државата, само на Facebook страницата Здрава бременост ја прочитале над 5.000 корисници на социјалната мрежа.

На страницата Здрава бременост, како што се наведува, е овозможена директна и непосредна комуникација преку поставување прашања во врска со бременоста или постпородилниот период, на кои со стручни совети и препораки одговара тим доктори од Клиниката за гинекологија и акушерство, Специјалната болница за гинекологија и акушерство „Мајка Тереза“ – Чаир и Заводот за мајки и деца.

Исто така, на дневна основа на страницата се споделуваат корисни информации од брошурата Здрава бременост која се доделува на бремените жени во прилог на мајчината книшка, како и од брошурите за доење и Информации и совети за новите родители, стои во соопштението. 

 

 

Оцени ја веста

14.01.2015 - 09:33

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа