Семејството за таткото монструм: „Нека гори во пеколот“
35-годишниот Борислав Зорниќ кој си го уби бебето старо 15 дена, веројатно нема да биде осуден, но ќе се лечи и ќе се испитува дали бил адекватно лекуван. Тој повеќе пати бил во психијатриска установа.
Според последните информации на српските медиуми, убиецот се скарал со сопругата, го зел своето бебе во раце и го фрлил од втор спрат. Потоа, го земал и своето двегодишно детенце за рака, но сопругата која уште била во шок успеала брзо да реагира и да го земе детето, по што го зела и нивното 4 годишно дете и избегала кај соседите од рацете на убиецот.
Се претпоставува дека таткото монструм си го задавил бебето пред да го фрли од прозорецот, но тоа ќе го докаже обдукцијата, а сето тоа го направил во момент на растројство.
СОседите ја примиле мајката со децата, па така се спречило да настане поголема трагедија.
-Изгледше како да не е свесен што направил. Билјана брзо ги земала децата и избегала од станот. Се уште се не ни раскажала се, бидејќи сеуште е во шок. Свесна е за се што им се случило, а и нејзините деца чувствуваат дека не е нешто во ред. Цело семејство е шокирано. И неговите родители и постариот брат. Биле кај Билјана и децата и никој не може да поверува што направил. Не сакаат да служнат за него. Нека гори во пеколот и нека остане доживотоно во затвор, вели пријател близок до семејството на Билјана.
Тој вели дека ништо не укажувало на оваа голема трагедија.
-Борислав потекнува од имотно и угледно семејство, а родителите му биле разведени. Татко му дури бил и функционер и бил оженет по втор пат. За мајка му се слушало дека имала некои здравствени проблеми. Колку што знаеме тој немал долгови, а татко му неодамна му купи и стан. Имаше свој сопствен бизнис, но не му одеше баш најдобро, вели негов познаник.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа